Барселона е заинтересирана за левото крило на Келн, Саид Ел Мала. Деветнаесетгодишниот фудбалер со либиски корени, кој неодамна доби прв повик во германската репрезентација, го следат и други врвни клубови во Бундеслигата и во Европа.
Извори од Германија тврдат дека Келн е подготвен да го продаде Ел Мала за сума не помала од 30 милиони евра. Ханси Флик подолг период ги следи неговите настапи и ќе се обиде да го доведе на „Камп ноу“.
Оваа сезона талентираниот играч постигна четири гола и даде една асистенција во 10 натпревари во Бундеслигата.

