Фудбалерите на Барселона утре на домашен терен ја пречекуваат Селта Виго во меч од Ла Лига. Ханси Флик одговараше на новинарските прашања на редовната прес-конференција, но едно прашање го налути. Германецот беше прашан зошто Барселона одиграла толку лошо против Борусија Дортмунд и дозволила првпат оваа сезона да биде поразена.
„Знаете колку натпревари одигравме претходните две недели? Никогаш во животот немам видено ваков распоред, немаме време за одмор. Оние кои го прават распоредот би требало подобро да знаат. Немаат поим. Зошто утре играме во 16:15, а не во 18:30, може некој да ми објасни? Сите првенства ги штитат клубовите кои играат во Лигата на шампионите, посебно во полуфиналето. Ова е неверојатно, баш би сакал да поразговарам со оние кои го прават распоредот. Ние се враќаме во Барселона околу три или четири наутро после натпревар, играчите не можат да заспијат до пет часот. Истиот ден треба да тренираме. Ова не е изговор, но ова е бесмислено.“ – луто одговори Флик.