Ханси Флик се насмевна, тројца важни играчи се враќаат во тимот

Октомвриската репрезентативна пауза се ближи кон крај, а тоа најмногу го радува Ханси Флик.

Како што беше потврдено денес, тројца играчи добија зелено светло за враќање на теренот.

Дани Олмо, Фермин Лопез и, најважно, Гави, сите добија дозвола од медицинскиот тим да се вратат во тимот за претстојниот натпревар против Севиља.

Особено радува враќањето на младиот Гави, кој цела година чека да заигра повторно и конечно ќе добие шанса, најверојатно во финишот на натпреварот.

Дани Олмо паузираше еден месец и за викенд би можел да одигра околу 25 минути за постепено да се подготви за натпреварите против Баерн Минхен и Реал Мадрид, кои следуваат веднаш по Севиља. Сличен е планот и за Фермин Лопез.

Натпреварот Барселона – Севиља е закажан за в недела од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести