Новата година за Барселона започува далеку од Шпанија, во Саудиска Арабија. Каталонскиот гигант заедно со уште три шпански екипи (Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао), се дел од Суперкупот на Шпанија.
Веќе традиционално борбата за овој трофеј е во Саудиска Арабија, а Барселона е актуелен бранител на тронот. Тренерот на Каталонците, Ханси Флик очекува да се повтори успехот од пред 12 месеци.
„Суперкупот во Шпанија е поразличен од тој во Германија. Се играат два меча, но тоа е интересно. Минатата сезона го освоивме овој турнир и тоа тогаш ни даде дополнителна енерија. Сакаме истото да го повториме и сега. Суперкупот е најбрзиот пат да стигнеме до трофеј Нема да биде лесно, затоа што и останатите екипи се силни“, вели Флик во пресрет на утрешното полуфинале против Атлетик Билбао.

