Ханси Флик: Целта беа трите бода и успеавме да ги освоиме

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изрази задоволство од тешко остварената победа од 1-2 над Ваљадолид, иако призна дека натпреварот не поминал лесно. Германецот направи бројни промени во составот, давајќи шанса на неколку млади фудбалери, кои не настапија премногу убедливо, но тој не ги критикуваше, туку го нагласи значењето на освоените три бода.

„Целта беше да освоиме три бода и затоа сум задоволен, иако победата беше тешка. Не сум разочаран, бидејќи направивме многу промени, а тоа секогаш е тешко. Имам доверба во моите играчи, тие дадоа сè од себе“, рече Флик.

Запрашан дали вклучувањето на Јамал, Рафиња и Де Јонг било дел од првичниот план или реакција на негативниот резултат, Флик објасни:

„Планот беше Педри и Де Јонг да одиграат по едно полувреме. Рафиња доби одмор, а Ламин играше малку подолго – важно е да го задржи својот ритам. Моравме да вложиме повеќе напор од очекуваното, но тоа е нормално кога губиш со 0-1 на полувреме.“

На крајот, тој ја коментираше голманската ситуација и изведбата на Марк-Андре тер Штеген.

„Во второто полувреме ја покажа својата класа и ми е мило што го гледам таков. Но, Шченсни ќе брани во Лигата на шампионите, како и на дербито со Реал“, категорично заврши Флик.

- Оглас -

Најнови вести