Барселона вечерва ќе го одигра одложениот натпревар против Осасуна во шпанската Ла Лига, иако последните натпревари од репрезентативниот прозорец се играа доцна вечерта во вторникот. Двете екипи се жалеа на ваквата одлука на Ла Лига, но тие беа одбиени, па вечерва ќе мора да истрчаат на тревникот на „Монжуик“.
„Имавме ситуација во која сите фудбалери играа за репрезентациите. Ова не е добра работа. И сега треба да излеземе на терен против Осасуна. Можеме да зборуваме и за Леганес. Кога играме на гости од 22 часот, се враќаме доцна, а тоа е далеку од оптимално. Но, нема да бараме изговори. Тимот е подготвен, треба да го извадиме максимумот од нашите фудбалери. Ќе се бориме. Можеби УЕФА и ФИФА треба да размислат за тоа дека на играчот му се потребни најмалку два дена за одмор. Можеби треба да го преиспитаат ова“, вели Флик.