Ханси Флик: „Во финалните натпревари нема фаворити, мора повеќе да ги почитуваме судиите“

Додека Реал Мадрид ги бојкотира сите активности пред финалето од шпанскиот Куп против Барселона, сè додека не се променат судиите, тренерот на Каталонците ја имаше официјалната прес-конференција.

„Секогаш е подобро да играш пред навивачи. Стадионот изгледа прекрасно и треба да уживаме, секако, и да дадеме сè од себе. Мора да се бориме. Започнавме едно патување и сега имаме шанса да освоиме три титули. Тоа е нашата цел. Знаеме дека е тешко, но тоа е нашата цел. Имаме млада екипа, а во вакви натпревари нема фаворити. Сакам утре да играме“, порача Флик од прес-конференцијата.

Ханси Флик даде коментар и за прес-конференцијата на судиите, на кои изразија загриженост од притисоците кои доаѓаат од клупската телевизија на Реал Мадрид, каде што се објавуваат нивни видеа со наводни грешки.

„Не знам што да кажам, вистината е дека ова за мене е спорт, ова е фудбал и нашата одговорност е да ги заштитиме сите во оваа ситуација. Не е во ред, кога завршува натпреварот мора се да оставиме зад себе. Навивачите сакаат да гледаат фудбал, но секако, ни требаат и судии, мора да се грижиме за нив. Не може, а да не ги почитуваме. Ова е тоа што мислам дека треба да го направиме“, рече Флик.

 

- Оглас -

Најнови вести