Ханси Флик: Во првенството мора да играме како што играме и во Лигата на шампионите

Барселона е во одлична форма, а тоа посебно го покажуваат резултатите во 2025 година. Каталонскиот гигант е лидер во шпанското првенство, а во Лигата на шампионите речиси е сигурен патник во полуфиналето откако во првиот меч од четвртфиналната фаза со убедливи 4:0 ја победи Борусија Дортмунд.

Следниот предизвик за Барселона ќе биде гостувањето кај Леганес. Се работи за противник кој е во зоната за испаѓање во Примера дивисион кој има освоено само 28 бода од 30 меча. Сепак, Леганес сезонава не е во добри спомени на Барселона затоа што во дуел од есенската полусезона, Леганес го шокираше фаворитот и го победи со 1:0 на „Монжуик“. Тоа треба да биде дополнителен аларм за избраниците на тренерот Ханси Флик.

„Кога ќе ги погледнете резултатите на Леганес, нѐ победија нас, го победија и Атлетико Мадрид, а одлично играа и во дуелите со Реал Мадрид. Добро се бранат, а знаат да бидат опасни во нападот. Затоа мора целосно да бидеме фокусирани. Ние сме лидери на табелата и треба да ја одбраниме таа позиција. Секогаш им велам на фудбалерите дека на секој меч треба да играат како да е дуел од Лигата на шампионите. Ако сакаме да бидеме шампиони, мора на секој меч да се докажуваме, не само на дерби-дуелите“, рече тренерот на Барселона, Флик.

- Оглас -

Најнови вести