20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Ханцко одби луда понуда од Ал-Наср: Во Атлетико мора да играм 20 години за тие пари!

Словачкиот дефанзивен фудбалер, Давид Ханцко, беше на прагот на трансфер од Феенорд во саудискиот Ал-Наср, тој дури и помина неколку дена со Кристијано Роналдо и другарите на подготовки во Австрија, но во последен момент одлучи за елитен европски фудбал – стана играч на Атлетико Мадрид.

Сега Ханцко ја објасни својата летна трансфер.

„Ал-Наср не беше мој прв избор бидејќи сакав да останам во Европа. Имав само една официјална понуда ова лето и беше неверојатна, па мораше да седнеме, да размислиме и да разговараме за неа. Не беше идеално сценарио за мене да ја „влечам“ мојата бремена сопруга до Ријад, но таа ми рече дека ќе оди со мене и дека ќе решиме сè… Иако, се разбира, таа имаше друга дестинација во главата на која би сакала да оди. Нема да лажам, тој договор беше неверојатен… Ако ги споредиме договорите, ќе требаше да играм 20 години во Атлетико за да заработам толку пари. Но, во Австрија почувствував дека нешто не е во ред и мојот агент го извести Атлетико дека уште има шанса да дојдам кај нив. Два дена подоцна потпишав“, вели Ханцко, кој има петгодишен договор во Мадрид, и за пет години ќе добие вкупно 12 милиони евра. Ако одеше во Ал-Наср, толку пари ќе заработеше само за една сезона, му нудеа 48 милиони за четири години.

- Оглас -

Најнови вести