Хаос на квалификациите за Големата награда на Австралија – Алонсо удри во ѕид, Строл и Латифи имаа опасен судар (Видео+Фото)

Вистински хаос имаше во квалификациите за Големата награда на Австралија во формула 1, а трката беше и прекината по опасниот инцидент и судар меѓу Ленс Строл и Николас Латифи.

И двајцата пилоти за среќа не се повредени, но предвреме ги завршија квалификациите.

Инцидент имаше и Маркос Алонсо, откако го извозе најбрзиот круг, а се удри со болидот во заштитниот ѕид на патеката во Алберт парк во Мелбурн.

Претходно по сударот на Ленс Строл и Николас Латифи, па квалификациите беа прекинати.

Канаѓанецот успеа да го мине Строл, но потоа беше удрен и заврши без тркало на патеката и со уништен болид.

Латифи имаше слични инциденти и на преходните две трки, а сепак ќе учествува на главната трка за Големата награда на Австралија, што се вози по три години пауза во Мелбурн.

 

 

- Оглас -

Најнови вести