Кошаркарите на Будуќност од Подгорица синоќа неочекувано загубија од градскиот ривал Студентски центар во АБА лигата со 82-94. Израмнето се играше три четвртини, но “студентите“ со пеколна после четвртина дојдоа до убедлива победа.
Тоа предизвика гнев кај домашните навивачи кои тргнаа да се пресметуваат со своите миленици, неколкумина од нив ја прескокнаа оградата, но беа спречени од обезбедувањето. Сепак, според информациите од Црна Гора, потоа дошло и до конфликт во подтрибинскиот простор, каде биле разменети и неколку удари помеѓу обезбедувањето и навивачите кои биле во обид да дојдат до соблекувалната на кошаркарите на Будуќност.