Француската јавност е во шок откако беше откриено дека во неделата, во околината на Стразбур се одиграл еден фудбалски натпревар на кој имало околу 400 гледачи. Да биде шокот уште поголем, публиката влегла и на теренот за да ја прослави победата на едниот тим со 2-1.
Епидемијата на корона-вирусот однесе речиси 30.000 животи во Франција, а Владата забрани спортски мечеви до 1 септември. Општинската полиција интервенирала, но не можела да го спречи одигрувањето на мечот.
„Глупост и неодговорност може да доведат до катастрофална здравствена ситуација во нашиот регион. На подрачјето и на лекарите не им треба нова драма. Имаме снимки, прекршителите ќе бидат казнети“, изјави заменик-градоначалникот на Стразбур.
Стадионот бил користен без одобрение, а однесувањето на присутните на илегалниот меч, може да придонесе за нови случаи на заболени од вирусот ковид-19.
Погледнете што се случувало по последниот свиреж на судијата:
https://twitter.com/i/status/1264976224620773376