Хаос и три црвени картони: Лукаку даде гол, па беше исклучен, а потоа ќе се тепаа Квадрадо и Хандановиќ (Видео)

Јувентус и Интер ремизираа 1:1 во првиот меч од полуфиналето на Купот на Италија, што најавува дека реваншот ќе биде пеколен. Без голови беше до 83-тата минута, кога Квадрадо даде гол за предност на Јувентус, но Интер се спаси од пораз благодарение на пеналот на Лукаку во 95-тата минута.

Лукаку погоди за 1:1, а потоа почна хаосот. Голгетерот на Интер сакаше да провоцира, за што беше исклучен, а потоа судијата отсвири крај на дербито.

Сепак, страстите тука не се смирија. По завршување на дуелот, во конфликт влегоа Хаун Квадрадо и Самир Хандановиќ. Малку фалеше овие двајца да се степаат и до тоа не стигна само благодарение на останатите играчи кои успеаја да ги раздвојат. Судијата им даде црвен картон на двајцата завојувани фудбалери.

https://twitter.com/i/status/1643360157215105025

- Оглас -

Најнови вести