Вистински хаос се случува во Серија А со казни за клубовите, иако засега казнет е само Јувентус со 15 бода, а клучен месец ќе биде март.
За тогаш се најавува нова казна за најтрофејниот италијански клуб со одземање на уште 20 бода, пред слична казна е и Сампдорија, а на суд ќе оди и првиот човек на Интер, Стивен Џанг.
Тој мора да се појави на суд во Хонг Конг на 13. март, а причината е невратен долг од 300 милиони долари на кинеската „Констракшн бенк оф Азија“.
Проблем за Џанг е што го тужат и во САД, а веројатно ќе мора на суд и во Милано, па ако се докаже дека е виновен ќе мора да оди в затвор.
Јувентус веќе е казнет со 15 бода за финансиски малверзации со плати на играчите во ерата на Ковид кризата, под лупа е и Наполи, а Сампдорија ќе биде казнета ако не исплати заостанати плати во висина од 13 милиони евра.