Хаос на фудбалски натпревар во Србија: Навивачите го напднаа голманот и го прекинаа мечот (Видео+Фото)

Голем инцидент попладнево се случил на натпревар од третата лига на Србија помеѓу Земун и Рад. во 15-тата минута од мечот, навивачите на домашната екипа втрчале на терен и го зеле шалот кој бил кај голот на Рад, а бил во сопственост на гостинскиот голман Лука Мартиновиќ, кој го носел на секој натпревар од својата 10-та година и го чувал како амајлија.

Голманот тргнал да си го врати шалот назад, но бил физички нападнат од поголема група на навиваи на Земун, кои му нанеле тешки телесни повреди поради кои морало да биде хоспитализиран во Ургентниот центар во Белград.

Гостинската екипа не сакала да го продолжи натпреварот и тој е прекинат. Се очекува екипата на Рад да го добие натпреварот со службени 3-0.

Инцидентот е на 28-мата минута на видеото.

- Оглас -

Најнови вести