Хаос на германското дерби во Ханза, „војуваа“ навивачите на двата тима (Видео)

Дербито во третата германска лига меѓу Ханза Росток и Динамо Дрезден траеше многу подолго од предвиденото. Навивачите кои беа на трибините во еден момент збеснаа и работите излегоа од контрола.

Започнаа нереди на трибините. Летаа факли, но и тврди предмети од двете страни.

Повеќе од 50 луѓе биле повредени, од кои 13 биле полицајци. По долгиот прекин, мечот продолжи, а на крајот Ханза победи минимално со 1:0.

Со оваа победа Ханза стигна до 38 бодa и е на седмото место на табелата. Динамо Дрезден остана на второто место со 45 бодa.

- Оглас -

Најнови вести