Хаос на крајот, ѕвездата на Реал го гаѓаше судијата со мраз (Видео+Фото)

Барселона е освојувач на трофејот во Купот на Шпанија, откако по голема борба и 120 минути игра, со 3:2 го победи вечниот ривал Реал Мадрид. Клучниот гол го постигна Кунде во 116 минута кога донесе водство за Барселона од 3:2.

Во последните моменти од мечот, Антонио Рудигер доби црвен картон и тоа додека беше на клупата за резерви. Бекот на Реал Мадрид не можеше да се исконтролира и со мраз фрли кон главниот судија Де Бургос.

Поради оваа неконтролирана реакција, Рудигер доби црвен картон, а дури потоа играчот на Реал збесна. Неколку луѓе кои беа на клупата на Реал требаше да го држат Рудигер кој сакаше да се пресмета со арбитарот.

Според најавите од Шпанија, Рудигер за овој неконтролиран потег и црвениот картон што го доби, може да заработи суспензија од четири до 12 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести