0.8 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

Хаос на меч од Конференциската лига, фудбалерите мораа да реагираат за навивачите да се смират (Видео)

Екипата на Сигма Оцелул со 2:1 славеше на гости кај Ноа во меч од третото коло во Конференциската лига на УЕФА. Сите три гола беа постигнати во првите 25 минути, а покрај погодоците, мечот ќе се памети и поради нередите на трибините.

Гостинските навивачи беа тие кои го предизвикаа нередот, а во еден момент од двете страни почнаа да летаат столици, канти за ѓубре и други предмети. За да се смири целата ситуација, мораа да реагираат фудбалерите на двата тима кои инсистираа навивачите да прекинат со нередите, па натпреварот продолжи.

- Оглас -

Најнови вести