Хаос на трка на формули, чиста среќа е што нема трагедија (Видео)

На трката во Рим, во рамките од Формула Е шампионатот се случи вистински хаос. Трката беше мирна се до оној момент кога водечкиот на патеката загуби контрола над својот болид и почна да се врти на патеката.

Неговиот болид блокираше поголем дел од патеката, па така, останатите кои надоаѓаа имаа големи проблеми да го избегнат. Еден од болидите, со брзина од 250 километри на час, удри директно во болидот кој беше на патеката.

За среќа, избегната е трагедија, а никој не е посериозно повреден. Дури и Сем Бирд кој беше во болидот што ја предизвика несреќата, остана неповреден.

- Оглас -

Најнови вести