Хаос на трката во Бразил: Уште во првиот круг четворица возачи во аут (Видео)

Хаотичен беше стартот на Ф1 трката за Големата награда на Бразил на патеката Интерлагос. Стјурдите уште во првиот круг одлучија да истакнат црвено знаме бидејќи на првиот свиок четворица возачи ја завршија трката поради судир.

Хаосот започна уште во загревачкиот круг кога возачот на Ферари, Шарл Леклер за заби во заштитната ограда откако му откажа хидрауликата на болидот.

Потоа, на самиот старт, пред првиот свиок дојде до судир меѓу Алекс Албон и Магнусен при што дојде до оштетување на болидите од кои еден пневматик за малку ќе паднеше на главата на Рикиардо. Покрај Албон и Магнусен, трката во првиот круг заврши и за Рикиардо и Пјастри.
Стјуардите одлучија да ја прекинат трката се додека не се исчисти патеката.

Хаотичниот старт на трката може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести