Фудбалерот на Рома, Николо Ѕаниоло, од миленик преку ноќ стана најомразена личност меѓу навивачите на Римската волчица.
Тие редовно го навредуваат на натпреварите, на социјалните мрежи и поставуваат транспаренти низ Рим, а сега отидоа чекор подалеку и со автомобил го следеа до неговиот дом.
Навивачите го пресретнале Ѕаниоло на улиците низ Рим и потоа го следеле со возилата, а кога пристигнале до неговиот дом, почнале да го провоцираат.
„Го*но, загубивме поради тебе. Надвор од клубот“, биле навредите на навивачите.
Младиот фудбалер веднаш повикал полиција, но навивачите избегале пред да пристигне полициското возило.
Ѕаниоло го навлече гневот на навивачите бидејќи изјави дека сака да си оди од Рома, но ја одби понудата од Борнмут. Фановите сметаат дека тој сака да се пресели во еден од најомразените конкуренти, Милан или Јувентус.