Хаос на женски меч во САД: летаа тупаници, покажани четири црвени картони (Видео)

На натпреварот од женски фудбал помеѓу американските тимови Портланд торнс и Канзас сити кој заврши со победа на домашните од 2-1, во 90-та минута имаше вистински хаос на теренот, па судијата мораше да покаже дури четири црвени картони.

Чорли беше исклучена за груб старт, тренерот Парсон се бунеше, па и тој доби црвен картон, а нервозата продолжи и малку подоцна на теренот имаше општа тепачка, Вивер ја закачи Едмондс и тие влегоа во судир. Се приклучија останатите фудбалерки, па летаа црвени картони за девојките кои го предизвикаа инцидентот.

Погледнете зошто две фудбалерки добија црвени картони:

https://twitter.com/i/status/1380746659743735808

- Оглас -

Најнови вести