Хаос пред Копа Америка: Колумбија го загуби домаќинството, поради ковид-19 запре фудбалот во Аргентина

Пандемијата со корона-вирусот зеде нов замав во Аргентина, по што властите немаа друг избор освен да ги суспендираат спортовите, а најмногу трпи фудбалот.

Аргентина е ко-домаќин на претстојниот континентален соби во Јужна Америка, меѓутоа таму сега не може да се игра фудбал, па останува неизвесно дали ситуацијата ќе се смири до средината на јуни.

Во меѓувреме, Колумбија го загуби домаќинството поради честите протести во оваа земја, каде што требаше да се одиграат дел од натпреварите. Во главниот град Богота, како и во Медејин и Кали, секојдневно се случуваат жестоки протести, а досега се заведени околу 40 мртви меѓу судирите на демонстрантите и полицијата.

- Оглас -

Најнови вести