Хаос пред мечот со Македонија: Четворица играчи на Ерменија се позитивни на ковид-19

Репрезентацијата на Ерменија се соочува со големи проблеми во пресрет на денешниот дуел против Македонија. Потврдени се шест случаи на ковид-19 по последните тестирања, од кои четворица се фудбалери и два во стручниот штаб на селекторот Хоакин Капарош.

Станува збор за Сагрис Адамјан, Горг Газарјан, Андре Халешер и Григор Меликетсјан, па Ерменија остана со 19 фудбалери за средбата која во 18 часот ќе се одигра во Никозија.

Хаосот кај Ерменците во пресрет на мечот во кој ќе се води битка за првото место во групата и пласман во Сегментот Б од Лигата на нациите може да го искористат Рисовите да ги освојат потребните бодови за да ја одбранат лидерската позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести