Дуелот меѓу Борац Бања Лука и Хелиос Домжале во АВА 2 лигата воопшто не се одигра и тоа поради една чудна причина. Екипата на Борац Бања Лука немаше доволно играчи за настап затоа што најголем дел од кошаркарите на овој тим биле затруени од храна, па Хелиос службено стигна до триумф од 20:0.
Освен кошаркарите на Борац Бања Лука, на тоа место се хранеле и екипите на Војводина и Спартак Суботица, кои според распоредот, треба да играат утре. Спартак од 15 часот треба да биде на мегдан против Цедевита, а Војводина од 21 часот треба да игра против ТФТ Скопје.
Дури деветмина кошаркари на Војводина денеска биле да примат инфузија и нејасно е во каква состојба ќе бидат за утрешниот меч.