Црвена ѕвезда вечерва на својот стадион „Рајко Митиќ“ ќе го пречека тимот на ПСВ Ајндховен во рамките од седмото коло во Лигата на шампионите. Како предигра на овој меч, ноќеска во Белград се случија нереди.
Според очевидци, но и видеоснимки кои се појавија на социјалните мрежи, домашните навивачи, популарните Делии ги нападнале симпатизерите на ПСВ, но и полицијата. Вооружени со факли, но и со топовски удари, белградските хулигани низ центарот на градот „ловеа“ непосакувани гости.
View this post on Instagram
Во центарот на Белград одекнувале детонации, а имало напад и со цигли и друго опасно „оружје“. Дури и полицијата во еден момент била принудена да се повлече по нападите на домашните разбеснети хулигани.
21.01.2025🇷🇸 Delije attacked PSV before tomorrow match, click here for more videos: https://t.co/8cbCXoqUv6 pic.twitter.com/uufdvRaD3K
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) January 20, 2025
Откако пристигнало полициското засилување, целата работа била ставена под контрола.
View this post on Instagram