Хаос во Белград, кошаркарите на Партизан и Ѕвезда се повлекоа во соблекувална, но мечот сепак почна!

Третиот натпревар од финалето на кошаркарскиот плејоф во АБА лигата започна со доцнење откако двата тима се повлекоа во соблекувална по хаосот во салата.

Играчите на Партизан беа гаѓани со предмети од фановите на Црвена ѕвезда, по што Црно-белите го прекинаа загревањето и се повлекоа во соблекувална. Потоа и Црвена ѕвезда замина во подтрибинскиот простор.

Има информации дека гостинскиот играч Јам Мадар покажувал среден прст и со тоа го испровоцирал фрлањето, а и фотографии потврдуваат дека Израелцот упати некултурен гест кон ривалските фанови.

- Оглас -

Најнови вести