6.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Хаос во Бенфика, може и да не се игра големото дерби против Порто

Бенфика во вторникот загуби од Челзи во меч од Лига на шампиони во Лондон, но дури потоа се случи голем проблем во таборот на португалскиот гигант. Како пренесува весникот „А Бола“, голем број на фудбалери на Бенфика, но и членови на стручниот штаб, вклучувајќи го и тренерот Жозе Мурињо, имаат симптоми на вирус.

Најголем дел од нив се жалат на главоболки и омалаксаност во мускулите. Овие проблеми на Бенфика доаѓаат во пресрет на големото дерби против Порто кое треба да се игра в недела.

Според некои најави, можно е дури дербито и да биде одложено доколку не се смени ситуацијата во таборот на Бенфика.

По седум меча одиграни во португалското првенство, Порто е лидер со максимални 21 бодови, додека Бенфика има 17 бодови од пет победи и две нерешени средби.

- Оглас -

Најнови вести