Хаос во Берлин пред финалето во Евролигата, има и тешко повредени навивачи (Видео)

Екипите на Реал Мадрид и Панатинаикос вечерва од 20 часот во Берлин ќе играат во финалето на кошаркарската Евролига. Реал е бранител на тронот и фаворит дека повторно ќе се радува на пехарот. Сепак, и во Панатинаикос имаат свои калкулации, па се очекува да биде неизвесно финале.

Во последните 18 меѓусебни дуели Реал има дури 16 победи, но ПАО славеше на последната пресметка и тоа на гости во Мадрид со 97:86, па Грците се надеваат дека може да го повторат тој успех.

Како предигра на финалето, во борба за трето место ќе играат Олимпијакос и Фенербахче. Фактот дека двата атински клуба се во Берлин, донесе многу работа за полицијата.

Синоќа низ улиците на Белрин имало хаотични сцени. навивачите на Олимпијакос и Панатинаикос се тепале, а полицијата морала да ја смирува ситуацијата. Официјално има 12 повредени навивачи од кои двајца посериозно, а едниот е во критична состојба.

Најавите се дека денеска во Берлин ќе пристигнат уште околу 5.000 навивачи на ПАО, а се очекува и нова тура фанови на Олимпијакос, иако нивниот тим загуби и нема да игра финале, туку ќе се бори за трето место.

- Оглас -

Најнови вести