29.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Хаос во Бразил: Пукотници прекинаа ватерполо меч од СП за јуниорки (Видео)

Непријатна ситуација се случи за време на натпревар од Светското јуниорско првенство за жени во ватерполо помеѓу Канада и Кина. Мечот беше прекинат поради инцидент надвор од базенот.

Ова првенство се одржува во Бразил, во градот Салвадор. Се појави видео на кое се слуша пукање од огнено оружје, а потоа мечот се прекинува и девојките го напуштаат базенот од безбедносни причини и чекаат ситуацијата да се смири.

Бразилските власти соопштија дека пукале полицајци кои бркале криминалец. По првиот истрел, играта продолжи, но по вториот судиите реагираа и го прекинаа мечот.

Официјалната веб-страница на Светската пливачка федерација наведува дека „технички проблем“ го предизвикал прекинот, што не е точната причина.

- Оглас -

Најнови вести