Големи промени се очекуваат во екипата на Челзи, откако медиумите на Островот објавија дека внатре во клубот има судир помеѓу двајцата сопствени, односно помеѓу двете страни кои се сопственици на клубот. На едната страна е Тод Бојли, додека на другата е корпорацијата „Клирлејк капитал“ предводена од Бехдад Егбали и Хосе Фелициано.
Судирот е поради начинот на кој треба да се води клубот, а двете страни имаат сосема различни размислувања и филозофии. Наскоро се очекува да дојде до разделба, но која од страните ќе си замине останува да се види.
Во интерес на сите во клубот е проблемите да бидат надминати, а како иницијална каписла се смета отказот на Маурицио Покетино. Тогаш Бојли беше за останување на аргентинецот на клупата на Челзи, додека другата страна притискаше за неговиот отказ.