Хаос во Еврокупот: Американец му „залепи“ шлаканица на друг Американец, двајцата завршија на „ладење“ (Видео)

Неверојатна ситуација се случи на вчерашниот меч од Еврокупот во кој Турк Телеком на гости го победи тимот на Тренто со 80:72. Со оваа победа Турк Телеком остана во трка за првото место на табелата, а Тренто е со мали шанси да стигне до втората фаза од ова натпреварување.

Покрај кошаркарското надмудрување на теренот, овој меч го одбележа и еден инцидент. Американецот од редовите на Турк Телеком, Тајрик Џонс, му „залепи“ шлаканица на Трент Локет. По овој неочекуван удар, брзо реагираа судиите кои не дозволија ситуацијата дополнително да се вжешти.

На крајот, двајцата кошаркари беа исклучени од игра.

https://twitter.com/i/status/1623295755304706048

Вечерва од 20:30 часот се играат уште три меча од кошаркарскиот Еврокуп.

- Оглас -

Најнови вести