Хаос во француската репрезентација: Голманот ги обвинил Мбапе и Гризман дека не се залагаат

Репрезентацијата на Франција првпат после 12 години врза два порази по ред, откако после елиминацијата од Европското првенство, загуби и од Италија на отворањето на Лигата на нации. Французите беа шокирани на домашен терен со 1-3, иако уште од првата минута имаа водство од 1-0.

Како што пренесува Л’Екип, после натпреварот имало вистински хаос во соблекувалната, откако голманот Мајк Мањан за поразот ги обвинил најголемите ѕвезди на репрезентацијата, Килијан Мбапе и Антоан Гризман, дека не се залагаат кога играат за националната селекција, како што го прават тоа за своите клубови.

Сепак, после мечот вината за поразот ја презеде селекторот, Дидие Дешамп.

„Поразот е моја вина, како и се што ни се случува. Му дозволивме на противникот да доминира, ни беше тешко да ги контролираме 90 минути. Знаев и пред натпреварот дека не сме на максимум.“ – рече селекторот на Франција.

- Оглас -

Најнови вести