Хаос во Израел: Навивачи втрчаа на теренот и ги украдоа медалите од финалето во Купот (Видео)

Екипата на Беитар е осовојувач на Купот на Израел, откако во финалето со убедливи 3:0 го победи тимот на Макаби Нетанија. Радоста на Беитар се претвори во хаос и тоа поради нивните навивачи.

Кога се подготвуваше церемонијата за доделување на медалите, илјадници навивачи на Беитар втрчаа на теренот и почнаа да прават неред. Прво фрлаа со факели, а откако влегоа на теренот, буквално го демилираа едниот гол, а успеаа и да ги украдат медалите наменети за најдобрите.

Поради овој хаос, претседателот на државата, Исак Херцог, поради неговата безбедност мораше да биде евакуиран.

- Оглас -

Најнови вести