Хаос во Јунајтед: Четири ѕвезди се скарале во пресрет на мечот против Баерн Минхен

Исклучително лоша атмосфера владее во Манчестер јунајтед во пресрет на гостувањето кај Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Причина се лошите резултати и веќе големото заостанување од девет бода зад градскиот ривал Манчестер сити.

Сѐ се случувало по мечот со Брајтон, на кој Црвените ѓаволи доживеаја тежок пораз од 1-3 на домашен терен. Најпрво во конфликт влегле капитенот Бруно Фернандеш и шкотскиот фудбалер од средината на теренот, Скот Мектоминај.

Откако ситуацијата навидум се смирила, се случил нов конфликт, овојпат помеѓу Аргентинецот Лисандро Мартинес и централниот дефанзивец Виктор Линделоф. Сите помеѓу себе си ја префрлале вината за лошиот настап и поразот од Брајтон на „Олд Трафорд“.

- Оглас -

Најнови вести