Хаос во Јунајтед: Фудбалерот од 85 милиони евра јавно влезе во клинч со тренерот Тен Хаг (Фото)

Атмосферата во редовите на Манчестер јунајтед воопшто не е добра по поразот од Арсенал од 3-1, а дополнително се наруши и по изјавата на тренерот Ерик тен Хаг дека Џејдон Санчо не бил земен во составот бидејќи во текот на неделата лошо работел на тренинзите и не се залагал.

Веднаш следуваше реакција на фудбалерот преку социјалните мрежи, кој му одговори на холандскиот тренер дека тоа што му се прави не е фер.

„Ве молам немој да верувате во сè што ќе прочитате. Нема да дозволам луѓето да кажуваат работи за мене кои не се точни. Оваа седмица многу добро работев на тренинзите, а верувам дека постојат и други причини за ваквата одлука на менаџерот, во која не сакам да навлегувам. Долго бев жртвено јагне, што не е фер кон мене. Се што сакам е да играм фудбал со насмевка на лицето и да ѝ помогнам на екипата. Ги почитувам одлуките на стручниот штаб, играм со одлични фудбалери и благодарен сум на тоа, исто така знам дека и секоја недела ни претстои нов предизвик. Ќе продолжам да се борам за овој амблем без оглед на сè“, вели во својот коментар Џејдон Санчо.

Дваесет и тригодишниот фудбалер пред две години беше купен од Борусија Дортмунд за 85 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести