Хаос во Кавадарци: Поништен гол на Тиквеш, судијата удрен, Ставрев реши дека е доста (Фото)

Дуелот меѓу Тиквеш и Вардар во Кавадарци имаше неславен крај. Во 90+6 минута, судијата Ставрев избега од теренот во соблекувалната, а со себе ги повлече и помошниците. Вардар до тој момент имаше водство од 1:0 благодарение на голот на Закариќ во 72 минута.

Што се случи во финишот? Тиквеш напаѓаше да израмни и во една мешаница пред голот на Вардар, топката заврши во мрежата. Сепак, помошникот судија Гоце Петрески досуди офсајд, откако топката па патот кон мрежата удри во еден домашен играч, кој беше буквално на гол-линијата.

Домашните фудбалери протестираа поради оваа одлука, но уште пожестоки беа фановите на Тиквеш. Од трибините почнаа да летаат меки и тврди предмети, а еден таков го удри помошникот судија.

Главниот арбитар Александар Ставрев веднаш ги повлече своите соработници кон соблекувалната и покажа дека во Кавардарци денеска веќе нема да се игра фудбал.

- Оглас -

Најнови вести