Екипата на Ал-Наср се наоѓа во Кина, каде што требаше да одигра неколку мечеви, но се случи хаос. Целата турнеја е откажана откако беше констатирано дека Кристијано Роналдо е повреден. Кога навивачите дознаа дека мечевите се одложени, направија хаос и стотици од нив влегоа во хотелот, извикувајќи го името на Португалецот.
https://twitter.com/i/status/1749794308646133873
„Жал ни е што мораме да ве известиме дека зимската турнеја на Ал-Наср е одложена поради физичка повреда на Кристијано Роналдо. Ќе се вратиме во Кина во најбрз можен термин и ќе ги одиграме планираните мечеви против Шангај Шенхуа и Жејанга“, стои во одлуката на Ал-Наср.
https://twitter.com/i/status/1749793295717585369
И самиот Роналдо се јави со свој коментар.
„Сакам да им се извинам на сите кинески навивачи. Знам дека се тажни затоа што и јас сум тажен. Како што знаете, во фудбалот постојат работи кои не може да ги контролирате. Јас сум играч кој не се повредува често, но веќе 22 години сум на теренот“, рече Роналдо.