Хаос во Куманово, се доигра без публика, МЗТ во финале (Фото)

МЗТ Скопје Аеродром е прв финалист на плејофот во македонското кошаркарско првенство, а вечерашната убедлива победа од 88-61 за чисти 3-0 во полуфиналето со Куманово, беше засенета од инцидентот во салата „Перо Наков“ во Куманово кој се случи на полувремето.

Неколку домашни навивачи разочарани од изданието на нивниот тим, го нападнаа Србинот Тадиќ кој наводно ги провоцирал, и се обидоа да му го соблечат дресот.

За неколку секунди теренот се наполни со навивачи, редари и полицајци, а наскоро хаосот беше ставен под контрола.

Поради ова, беше донесена одлука мечот да се доигра без публика.

Во финалето, МЗТ ќе игра против ТФТ или Работнички. Црно-белите од населбата Тафталиџе водат со 2-0 и утре ќе ја имаат првата меч-топка за пласман во финалето.

- Оглас -

Најнови вести