Илјадници луѓе кои протестираа во центарот на Мадрид за поддршка на Палестина и искажуваа анти-израелски ставови, предизвикаа хаос и прекинување на велосипедската трка Вуелта Еспања која денеска требаше да заврши со 21-вата етапа и да се прогласат најуспешните.
Победник е Данецот Јонас Вингегард, но не се одржа церемонијата на прогласување, а велосипедистите беа запрени на 60 километри пред целта по што организаторите на трката објавија официјално дека трката е прекината.
Беа урнати металните бариери на улиците низ кои требаше да поминат велосипедистите. Полицијата се обиде да ги врати, но имаше отпор од другата страна која протестираше против учеството на израелскиот тим Премиер тек на трката околу Шпанија.
Así se vivieron desde dentro las protestas propalestina que propiciaron el final de #LaVuelta
📲 @JLAllegue92 pic.twitter.com/exSEQMSp3Y
— MARCA (@marca) September 14, 2025