Хаос во Мадрид: Тенисер тргна да се пресмета со навивачи кои наводно се обложиле против него (Видео)

Срамни сцени може да се видат на тенискиот Челенџер во Мадрид. Во полуфиналето играа Норберт Гомбос од Словачка и Камил Мајчак од Полска, а на крајот победата во неизвесен тај-брејк му припадна на полскиот тенисер.

Во клучните моменти од мечот на сервис беше Гомбос, но тогаш започнаа свирежи од публиката кои го деконцентрираа, а тој направи двојна сервис грешка и на крајот го загуби мечот. Словачкиот тенисер протестираше и кај судијата, бидејќи тој не презеде ништо во таа ситуација да ги смири гледачите.

На крајот Гомбос тргна кон трибините каде што беа навивачите кои му свиреа, па ги обвини дека се обложиле против него и затоа го направиле тоа.

- Оглас -

Најнови вести