Натпреварот од првото квалификациско коло за пласман во ЛШ меѓу Хамрун и Макаби Хаифа во првиот дел беше неколку минути во прекин поради дивеењето на навивачите на израелскиот тим.
На трибина на која беа сместени навивачите на двата тима, домашните фанови почнаа да извикуваат Палестина, што ги разлути гостинските навивачи.
Ugly scenes at the Centenary Stadium as Maccabi Haifa fans clash with Hamrun Spartans supporters – chants of 'Palestina' come from the home end soon after as a number of fans filter out of the ground. Disgraceful. pic.twitter.com/jU7AAGin4W
— Andrew Dempsey (@AndrewDempsey98) July 11, 2023
Тие тргнаа да се пресметаат со навивачите на Хамрун, но беа спречени од полицијата. Иако беше спречен физички контакт, навивачите на Макаби со факли ги гаѓаа домашните фанови, иако меѓу нив имаше и цели семејства со малолетни деца.
На крајот, Макаби славеше со убедливи 4:0.
Hamrun Spartans vs Maccabi Haifa, Champions League Qualifiers. Absolutely violent behaviour by Israeli ultras. They even threw flares at Maltese families with kids. Match interrupted. Crazy pic.twitter.com/H00f9d7tIF
— Martin Mazur (@martinmazur) July 11, 2023