8.8 C
Skopje
недела, 15 февруари 2026

Хаос во Милано, бесните шефови на Јуве го нападнаа главниот судија (Видео)

Тензиите на дербито помеѓу Интер и Јувентус, го достигнаа својот врв на полувремето кога имало жестоки реакции од раководството и тренерскиот штаб на Бјанконерите кој судијата Федерико Ла Пена.

Пјер Калулу беше исклучен откако доби два жолти картони, вториот беше за сомнителен фаул врз Алесандро Бастони и оваа одлука ги разгоре страстите и го одреди текот на средбата која заврши 3-2 за Интер, но Интер иако цело второ полувреме беше со човек плус на терен, до победата дојде во 90-та минута.

Од ВАР може да реагираат само во случај на директен црвен картон, но не и за втор жолт, па Калулу можеби и неоправдано мораше предвреме да го заврши мечот.

На скалите во тунелот што водат кон соблекувалните на „Сан Сиро“, главниот тренер на Јувентус, Лучано Спалети, го чекаше судијата Ла Пена и го подигна гласот за да го изрази своето силно несогласување со неговите одлуки. Масло на оганот долеаја генералниот менаџер Дамиен Комоли кој тргна физички да се пресмета, а Спалети мораше да го турне, за да спречи посериозен инцидент. Тука беше и Џорџо Кјелини, директорот за фудбалска стратегија на Јувентус. Поранешниот дефанзивец на Јуве исто така се вклучи во вербалната размена, викајќи кон Ла Пена и мавтајќи со рацете.

„Ова не може да биде, не може да биде, ова не постои на светот!“ викал Кјелини.

После мечот, Кјелини рече дека тоа што се случило било неприфатливо, и дека ВАР системот веројатно ќе мора да се промени, бидејќи е неприфатливо толку многу грешки да се повторуваат на толку важни натпревари. Спалети ја бојкотираше прес-конференцијата после мечот. Од Јуве побараа и шефот на судиите во Италија, Џанлука Роки, да си поднесе оставка. 

Судијата Ла Пења остана рамнодушен, не реагираше на обвинувањата и само им гестикулираше на сите да одат во соблекувалната.

- Оглас -

Најнови вести