Натпреварот помеѓу Минесота и Њу Орлеанс ја одбележа тепачката на клупата на домашните на еден од тајм-аутите. Кајл Андресон и Руди Гобер очигледно имаа што да си кажат на тајмаутот, а се однесува на играта на теренот. Дуелот најпрво започна вербално, а потоа францускиот центар и физички го нападна американскиот крилен играч.
Андерсон буквално збесна и тргна да се пресметува со соиграчот, но брзата реакција на клупата на Минесота спречи поголем инцидент.
https://twitter.com/BackcourtAlerts/status/1645162650186432513?s=20