Кошаркарите на Црвена ѕвезда го напуштија теренот и заминаа во соблекувалната откако беа гаѓани со тврди предмети од трибините на првиот меч од полуфиналната серија во плејофот на АБА против Будуќност. Ова се случи при резултат 61-42 во корист на Будуќност.
View this post on Instagram
Во 23-тата минута се случи мешаница на теренот, кошаркарите на двете екипи влегоа во клинч, а за малку беше избегната тепачка меѓу Кенан и еден кошаркар на Будуќност.
Во тие моменти домашните фанови почнаа да гаѓаат со тврди предмети, а гостите од Белград се повлекоа од теренот.