Хаос во ПСЖ, Меси го напуштил тренингот на Светците

Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, во вторникот го напуштил тренингот на Светците, објавија денеска француските медиуми.

Според медиумите, Меси не бил бил задоволен од квалитетот на тренинзите под палката на тренерот Кристоф Галтие. Тој се обидел да го задржи Аргентинецот на тренингот, но, Меси не го послушал и си заминал.

https://twitter.com/Djaameel56/status/1636763799461179394?s=20

По елиминацијата од Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампионите, Меси се најде на удар на навивачите на ПСЖ. Фановите се разочарани од новиот неуспех на ѕвездите на ПСЖ во ЛШ.

Иако во тимот играат имиња како тие на Мбапе, Нејмар, Меси, Рамос, Донарума, Маркињос, Верати, повторно не успеаја да дојдат до завршницата од елитното натпреварување, туку настапот го завршија во осминафиналето.

Тие најавуваат „жежок“ пречек на „Паркот на принцевите“ во дуелот со Рен кој треба да се игра в недела.

- Оглас -

Најнови вести