Хаос во репрезентацијата на Италија: Тепачка на тренинг, скршен нос и еден исфрлен од екипата

Италијанскиот фудбал го тресат низа на скандали во изминатиот период, пред се поради нелегално обложување на фудбалерите. Сепак, денес голем скандал и во тренинг кампот на младата репрезентација за фудбалери до 21 година.

На тренингот се случил голем инцидент, односно тепачка помеѓу фудбалерот на Милан, Марко Насти, и фудбалерот на Аталанта, Матео Ругиери. Епилогот од тепачка е скршен нос на фудбалерот на Аталанта, Ругиери, кој веднаш е пренесен на лекување во Бергамо и веројатно ќе му биде извршена операција, а фудбалерот на Милан, кој како позајмен настапува за Бари, Насти, е исфрле од репрезентацијата и нема да игра на квалификацискиот натпревар против Норвешка.

- Оглас -

Најнови вести