Вистински хаос се случува вечерва во Севиља, градот каде што во сабота треба да се игра финалето од шпанскиот Куп помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Од Кралскиот клуб побараа промена на главниот судија, Бургос Бенгоечеа, но и на ВАР-судијата, Пабло Фуертес, па откако нивното барање беше одбиено, од раководството на клубот се одлучија на бојкот.
Карло Анчелоти не се појави на официјалната прес-конференција, ниту кој било претставник на Реал, а Кралевите не се појавија ниту на официјалното фотографирање пред мечот.
🚨Informa @matoribio85 a ESTA HORA no es SEGURO que el @realmadrid dispute la FINAL de MAÑANA
📻 https://t.co/ilgsizI4uT pic.twitter.com/LPYjydEcg4
— Radio MARCA (@RadioMARCA) April 25, 2025
Сепак, следуваше вистинска „бомба“ откако беше објавено дека Реал Мадрид го откажал и официјалниот тренинг кој требаше да се одржи вечерва.
Од Кралскиот табор се најавува и бојкот на саботното финале, односно „тивко“ се најавува дека нема да истрчаат на тревникот во Севиља и да го одиграат дуелот против Барселона.