20.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Хаос во Шпанија, Реал и Барселона се закануваат со преносите на нивните натпревари

Раководствата на Реал Мадрид и Барселона влегуваат во војна со претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, откако вчера Кралевите потврдија дека ќе го тужат првиот човек на лигата, а допрва му следи хаос на шпанскиот фудбал.

Двата најголеми шпански клубови се закануваат со неемитување на своите првенствени натпревари на телевизиските канали. Перес и Лапорта ги здружија силите откако двата гиганти ја одбија финансиската инјекција од 2,7 милијарди евра која беше подготвена да се распредели меѓу 20-те прволигаши.

Оваа најава околу правната војна води кон едно, а тоа е нов обид за формирање, односно оживување на Суперлигата. Токму Реал и Барселона заедно со Јувентус се клубовите кои не се откажаа од проектот, иако останатите девет клубови кои беа вклучени ги оставија на цедило.

Инаку, сезоната 2021/22 во Шпанија стартува во претстојниот викенд, Реал гостува кај Алавес, додека Барселона го пречекува Сосиедад.

- Оглас -

Најнови вести