Натреварот од хрватскиот шампионат меѓу Хајдук Сплит и Локомотива Загреб кој заврши со триумф на гостите од 1:2 имаше и трето полувреме во кое најтешко помина главиот судија Игор Пајач.
Имено, прво помошниот тренер на Хајдук, Драган Блатњак, откако на полувремето доби црвен картон, упати вербални навреди и закани кон судијата Пајач. Потоа судијата во тунелот пред соблекувалните од непозната жена беше турнат и заврши на подот.
За тоа што се случуваше во тунелот, откри делегатот Иван Јурина.
„Однесувањето на домашната екипа во поголем дел од натпреварот беше многу бучно, а кога беше означен крај на првото полувремето, помошниот тренер на Хајдук, Драган Блатњак, при излегување од теренот поради приговор кон судијата прво беше опоменат, а потоа поради нов приговор доби и црвен картон. Потоа почна да го навредува судијата со зборовите „П**ка ти мајчина, ќе видиш ти во тунелот, да ти е**м мајката“. Потоа, непозната жена во тунелот го турна судијата и го фрли на подот“, стои во извештајот на делегатот.
По поразот, Хајдук остана на второто место на табелата со 55 бода, четири помалку од лидерот Риека, и четири повеќе од Динамо Загреб кој пак има два меча помалку.